До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал одлично игра оваа сезона. Тие се лидери во Премиер лигата, изборија пласман во осмина финалето на Лигата на шампионите и тоа без пораз во лигашкиот дел, а се изборија и за пласман во финалето на Лига купот. Остануваат активни и во ФА Купот, така што ова е сезона од соништата за Топџиите, барем од сега.
Микел Артета е предводник на оваа генерација на Арсенал. Шпанецот добро го води тимот, тоа го покажуваат резултатите.
Сепак, Артета малку се залета во изјавите пред следниот лигашки меч против Sunderland. Шпанецот смета дека Арсенал во моментов е најдобриот тим на светот.
„Позитивни се реакциите во Европа на нашата игра, мислам дека тоа покажува дека во овој момент сме најдобрата екипа на светот“, изјави Артета.
Потоа направи споредба која нема да им се допадне ни на навивачите на Арсенал.
Артета смета дека овој Арсенал е најдобар во историјата.
Секако, Арсенал имал одлични генерации, особено со Тјери Анри, Бергкамп, Пирес…
















