Артета се излекува и зборуваше за симптомите на коронавирусот: За мене беше само обичен вирус …


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета беше првата јавна личност во Велика Британија што се зарази со коронавирус, или барем се знае дека е заразена.

Пред 15 дена беше објавено дека поранешниот играч од средниот ред на Топџиите е позитивен за КОВИД-19, а пред неколку дена беше откриено дека тој целосно се опоравил.

Тој во тоа време веќе даде кратка изјава на веб-страницата на клубот, велејќи дека ги оставил симптомите зад себе и целосно се опоравил.

Неколку дена подоцна, тој подетално зборуваше за симптомите.

“Што се однесува до симптомите, тоа беше само обичен вирус за мене. За три дена имав малку поголема треска и сува кашлица и чувствував непријатност во градите. Тоа беше тоа. Јас се исплашив затоа што имав три деца дома, но фала му на Бога што не се заразиле “, вели Шпанецот.

Тој веројатно се заразил за време на натпреварот во Лигата на Европа против Олимпијакос.

“Во моментот кога ме повикаа од клубот да ми кажат дека сме биле изложени на изворот на вирусот, веќе почнував да ги чувствувам симптомите. И кога ми кажаа дека сопственикот на Олимпијакос има коронавирус, јас бев убеден дека го имав и јас. “Имавме натпревар со Манчестер Сити следниот ден и веднаш го повикав докторот. Знаевме дека јас и неколку играчи сме изложени и имаме сериозни симптоми. Ние ја известивме Премиер лигата и одлуката за одложување на натпреварот беше донесена многу брзо.”

Премиер лигата беше суспендирана во тој момент и не е познато кога ќе продолжи. Пред паузата, Арсенал беше на 9-та позиција со 40 поени од одиграни 28 кола.