Артета во јануари носи уште една ѕвезда во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета има намера да ја освои титулата оваа сезона, иако има голема конкуренција, па затоа реши да побара нови засилувања.

Арсенал летово успеа да потпише неколку важни договори, меѓу кои е ангажманот на Деклан Рајс од Вест Хем, а сега Артета сака уште една ѕвезда.

Педро Нето е човекот кој може да му помогне на Арсенал во битката, а и самиот призна дека сака да го носи дресот на „топчиите“, но последниот збор го има Вулверхемптон.

Нето има договор со „волците“ до 2027 година, поради што Арсенал ќе мора да плати голема отштета за да го добие неговиот потпис.