Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артрета го фалеше Колашинац по вчерашниот натпревар.
Топџиите во рамките на 21. коло во Премиер лигата на Емирати го совладаа Манчестер Јунајтед со 2-0, а големи заслуги за оваа победа имаше токму Колашинац, кој беше асистент на првиот погодок.
По натпреварот Артета го издвои токму него кој не требало да игра од првата минута против Јунајтед.
„Му се заблагодарив на Колашинац за тоа што го направи. Тој не беше спремен во потполност, требаше да заигра дури против Лидс или по тој натпревар, но ми пријде и ми рече: „Ако сакате да играм, ќе играм“. Тоа е пристап каков што сакаме од сите играчи и тој на крајот беше награден. Одигра одличен натпревар“, изјави Артета.
И самиот Колашинац се обрати на јавноста по големата победа на Арсенал.
„Препоставувате кој се врати. Три бода за нас. Одличен старт во 2020 година“, напиша Колашинац на Твитер.
Инаку, Арсенал со овој триумф ја прекина серијата од четири натпревари без победа.