Артета за инцидентот на Алиоски: Пепе мора да се извини, ќе разговарам со него!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиската јавност крена бунт на социјалните мрежи затоа што Езгјан Алиоски изнуди црвен картон за Николас Пепе, но факт е дека противничкиот фудбалер претера и со глава во стилот на Зинедин Зидан го удри македонскиот фудбалер.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета порача дека Пепе не смее така да се однесува и ќе побара од него да се извини за потегот.

„Без разлика на тоа што се случило, такво однесување на теренот е неприфатливо. Ова е Премиерлигата и не смеете да дозволите да паднете на такво ниво. Ќе морам да разговарам со Пепе и мислам дека ќе треба да им се извини на соиграчите за непотребното исклучување. Јас никогаш не сум задоволен со реми, но во таков услов мислам дека нерешениот резултат е во ред“, кажа Артета.