Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал загуби на гостувањето кај Астон Вила во Бирмингем со 0-1, а стрелец на единствениот гол беше Џон Мекгин во седмата минута од мечот.
Гостите од Лондон постигнаа гол преку Каи Хаверц во 90. минута, но нивната радост не траеше долго бидејќи ВАР-системот им го поништи погодокот.
Тренерот Микел Артета овој пат не сакаше директно да ги коментира судиите, но кажа дека за него јасна била ситуацијата.
„За мене сè е јасно и очигледно. Не сум задоволен од резултатот, но горд сум како одигра мојот тим“, кажа Артета.