Артуро Видал на чекор од враќање во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал пред неколку дена се врати од одмор и се приклучи на припремите на Барселона за новата сезона.

Тој пред година дена пристигна во каталонскиот клуб од Баерн и неговото доаѓање беше изненадување за многумина на Камп Ноу. Но, тој покажа неверојатна борбеност поради што за кратко време стана еден од милениците на навивачите.

Меѓутоа, иако имаше пристојна минутажа во минатата сезона, веројатно наредната сезона нема да биде така. Конкуренцијата во средниот ред е навистина жестока по доаѓањето на неколку нови играчи и сигурно некој од везните играчи ќе го напушти клубот.

Шпанските медиуми шпекулираат дека тоа би можело да биде токму Видал, а Интер е клубот кој покажа интерес за него.

Овој 32-годишен фудбалер би можел во наредните денови да ја напушти Барса, а Интер сака да го доведе на едногодишна позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната и наводно договор би можел да се случи многу брзо.

Видал веќе играше во Италија каде што го носеше дресот на Јувентус со кој освои три Скудета. Тогаш Јуве го водеше Антонио Конте кој е сега на клупата на Интер.