„АС“: Лапорта има договор со Агуеро, од Сити на „Камп ноу“ доаѓаат две засилувања!

Шпанскиот спортски магазин „АС“ објави дека новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има договор со напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро.

Агуеро е на праг да го напушти „Итихад“ затоа што му завршува договорот на лето, а досега немаше разговори за нов, па поради тоа двете страни ќе се разделат.

Агуеро така слободно ќе се пресели на „Камп Ноу“, а наводно ќе потпише договор до 2023 година. Исто така, со него заедно во Барселона ќе се пресели и Ерик Гарсија.

Агуеро и претходно се поврзуваше со Барселона, а една од главните причини е неговиот пријател и сонародник Лионел Меси.

„Сите пишуваат дека се селам во Барселона. Почекајте малку и размислете. Застанете. Уште сум фудбалер на Манчестер сити“, вели искусниот напаѓач.