„АС“: Реал Мадрид вечерва ја враќа белата магија на Модриќ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва од 21 часот го дочекува Атлетик Билбао во последниот меч за 2019 година, а со победа би се израмниле со Барселона на врвот, а доколку победат со шест или повеќе голови разлика, тогаш ќе ги престигнат на табелата.

„АС“ на насловната страна објави голема фотографија на Модриќ со наслов „Бела магија“, а во текстот пишува „Реал ја враќа магијата на Модриќ за Билбао“ и пресмета дека тоа ќе му биде деветти меч сезонава, кој ќе го почне од првата минута, а досега одигра 861 минута.

Тоа е многу скромна минутажа, со оглед на тоа дека неговите конкуренти во средината на теренот поминаа многу повеќе време – Касемиро (1920 минути), Тони Крос (1613) и Валверде (1030).