„АС“ со бомбастична најава: Кутињо би можел да се врати во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Фелипе Кутињо по истекот на позајмицата со Баерн Минхен би можел да се врати во Премиер лигата.

Имено, Баерн Минхен се интересира за Кристијан Ериксен и доколку успее да го договори во јануари за да го донесе како слободен агент во јуни, речиси сигурно во тимот ќе нема место за Кутињо кој ќе треба да се врати во Барселона.

Бидејќи не е посакуван ни меѓу каталонците, Кутињо веројатно ќе ја разгледа опцијата да се врати во редовите на Ливерпул каде ги имаше најголемите успеси во кариерата и од каде се пресели во тимот на Барселона.