„АС“ тврди: Барди заминува од Леванте и се сели во друг шпански тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди и сезонава игра на високок ниво во Леванте, а тоа го привлече интересот на поголемите екипи во шпанската Ла Лига.

Шпански „АС“ објави дека фудбалерот на Леванте наскоро би можел да направи трансфер во Реал Сосиедад, кој покажал интерес и ќе се обиде во јануари да го добие неговиот потпис.

Барди сезонава настапи на 13 меча во Ла Лига и притоа постигна два гола и две асистенции за Леванте, додека играше и во шпанскиот Куп, каде што запиша една асистенција.

Договорот на 24-годишниот фудбалер му завршува во 2022 година со Леванте, но сигурно би сакал да заигра во поголем клуб, а токму таква можност му нуди екипата од Сан Себастијан.