Аспиликуета влезе во конфликт со навивач по поразот од Арсенал (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси го загуби лондонското дерби против Арсенал со 2-4, по што капитенот Цезар Аспиликуета беше ептен нервозен и влезе во конфликт со еден од навивачите.

Шпанецот доби ироничен аплауз од навивач, кој притоа му кажа нешто, а тоа го изнервира Аспиликуета кој тргна кон него за да ги расчисти сметките.

Меѓутоа, реагираше уште еден навивач на Челси, кој успеа да ги смири страстите по поразот од Арсенал.

Челси се соочува со вистински хаос откако газдата Роман Абрамович се соочи со санкции, па очигледно тоа има влијание и на соблекувалната.