Астон Мартин ја „отвори вратата“ за Ферстапен


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Астон Мартин има сериозни амбиции за следните години во Формула 1, а тоа го покажа со ангажирањето на дизајнерот Адријан Њуи.

Екипата наводно е во преговори и со Макс Ферстапен за можна преселба во тимот во 2027 година.

Ферстапен, сепак, има договор со Ред Бул до 2028 година, но засега ништо не е сигурно во однос на неговата иднина затоа што Холанѓанецот сака да го има најмоќниот болид во Формула 1.

„Нашата врата е секогаш отворена за Ферстапен. Кога ќе го привлечете Адријан Њуи, тоа значи дека имате сериозен проект“, кажа шефот на Астон Мартин, Мајк Крак.