Астон вила има одлична причина да изгуби од Манчестер сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шампионската титула во Премиерлигата треба да биде решена во последното коло, а Манчестер сити е во подобра позиција од Ливерпул затоа што има еден бод повеќе на првото место.

Сити во решавачки меч ќе му биде домаќин на Астон вила, додека Ливерпул ќе го пречека Вулверхемптон.

Навивачите на Ливерпул се надеваат на помош од нивната легенда Стивен Џерард, кој во моментов е тренер на Астон вила.

Сепак, во последните часови се појави теорија дека Астон вила нема да се труди против „граѓаните“ поради клаузула од договорот на Џек Грилиш.

Доколку Сити стане шампион на Англија, тогаш Астон вила ќе добие дополнителни 15 милиони фунти, па тоа е доволна причина да не се труди да го изненади првакот.