Астон Вила последен патник во Премиер Лигата: Клубот од Бирмингем ќе „лапне“ и 170 милиони фунти (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Астон Вила е последниот патник од Чемпионшип кој следната година ќе го гледаме во Премиер лигата.

Избраниците на Дин Смит со 2:1 славеа во финалниот натпревар против Дерби Каунти и со тоа дојдоа до вредната победа која освен пласман во најелитното англиско натпреварување ќе им донесе и вртоглави 170 милиони фунти.

Астон Вила беше подобра во текот на целиот натпревар и имаше предност од 2:0 со погодоците на Ел Гази и Мекгин. Сепак на осум минути до крајот, Дерби Каунти преку Вагхорн го намалија резултатот и го однесоа натпреварот во неизвесна завршница.

Сепак, немаа сили за уште еден погодок и покрај 7те минути продолжување на регуларните 90, па Вила на крај заслужено се радуваше.