Атанасов доби повик од Милевски на местото на Адеми

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го повика Јани Атанасов во екипата за септемвриските квалификации за Светското првенство (СП) во Катар.

Аријан Адеми е повреден и нема да се врати на време за следните предизвици на Македонија, па поради тоа Атанасов доаѓа како замена во екипата.

Атанасов игра како фудаблер за врска, а во моментов го носи дресот на Хајдук Сплит, додека неговите квалитети добро ги познава селекторот Милевски.