Атина нема да го организира финалето во Конференциската лига?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) е загрижена за безбедноста на навивачите, по хаосот кој се случи пред неколку дена пред мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб.

Во нередите беше убиен 29-годишен навивач на АЕК, па поради тоа УЕФА размислува да го премести финалето во Конференциската лига.

Иако беше закажано да се одигра во Атина, сепак тоа набрзо би можело да се промени во следниот период.

По убиството на навивачот беа уапсени околу 100 навивачи, кои завршија во затвор, додека сè уште се трага по убиецот.