Атлетико го казнува Гризман со највисока можна казна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Подготовките за новата сезона Антоан Гризман не ги започна со Атлетико Мадрид.
По неколку турбулентни денови, францускиот играч го направи она што го намисли: не се појави на првиот ден од подготовката.

Гризман се наоѓа на излезната врата на Мадридскиот клуб, но преговорите помеѓу Атлетико и Барселона не одат по посакуваниот пат, односно Каталонците никако да ја платат клаузулата.

Јорганџиите го налути однесувањето на Каталонците кои ја критикуваа Барселона и Гризман во изјаваите.

Атлетико вчера ги започна подготовките за новата сезона, а Французинот не се појави, па автоматски беше покрената дисциплинската постапка против него.

Во мадридскиот клуб тие одлучија да го казнат Гризман со најголема можна казна за недисциплина. Во овој случај, казната изнесува 200.000 евра.

Барселона постигна договор со одличниот напаѓач, но проблемот е клаузулата од 10 милиони евра. Првакот на Шпанија побарал целиот износ да не биде платен веднаш, што Атлетико го одбил.