Атлетико го нападна Реал: Доста е, го уништуваат имиџот на шпанскиот фудбал!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Носењето на одлуки од страна на Реал Мадрид предизвика бурни реакции и критики во шпанската спортска сцена. Овие реакции, особено доаѓаат од медиуми и навивачи кои традиционално не се поддржувачи на најтрофејниот клуб во земјата.

Речиси сите водечки спортски медиуми надвор од Мадрид го критикуваа шампионот за неговите постапки, а и многу шпански клубови изразија негодување. Атлетико Мадрид беше особено гласен, објавувајќи на социјалните мрежи јавна поддршка за судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа.

„Ова е неподносливо. Престанете да го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал“, објави Атлетико.

Фото: Принтскрин