Атлетико не издржа до крај во Манчестер, Ливерпул со една нога е во полуфинале (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити славеше против Атлетико Мадрид со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), додек Ливерпул на гости ја совлада Бенфика со 3-1 и направи чекор кон полуфинале.

Првото полувреме помина во инцијатива на домашниот тим кој не успеваше да го пронајде патот до голот на Јан Облак.

Без оглед на силните напади на „граѓаните“ мрежите мируваа, па на полувреме двете екипи заминаа со 0-0.

Во 65. минута Де Брајне испрати одличен удар, но Облак успеа да одбрани, сепак само пет минути подоцна Белгиецот успеа да го матира противничкиот голман и да обезбеди победа од 1-0.

Ливерпул без многу проблеми славеше против Бенфика, а стрелци на головите беа Конате, Мане и Дијаз, додека за португалската екипа во листата на стрелци се запиша Нуњез.