Ауди го претстави првиот болид во Формула 1 (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во Формула 1 од наредната сезона ќе се појави и нов тим. Станува збор за голем производител на автомобили и тркачки тим, Ауди.

Германскиот тим е наследник на Заубер и во новата сезона ќе се натпреварува во Формула 1, а во вторникот првпат во историјата беше претставен и нивниот болид. Со возачите кои се добро познати, Аудиго претстави новиот болид.

– Не сме тука да се забавуваме, ова е амбициозен проект. Скромни сме, знаеме од каде започнуваме, но и каде сакаме да стигнеме. Сакаме од Ауди да направиме најуспешниот тим во историјата. Постојат важни чекори на тој пат, а еден од нив е и овој сега – изјави Џонатан Витли, првиот човек на тимот.

Целта на Ауди е да се натпреваруваат за титулата до 2030 година, значи многу амбициозен план. Првпат кога ќе го видиме на патеката ќе биде на 11-ти февруари на патеката Сахир во Бахреин кога ќе се возат првите официјални проверки пред почетокот на новата сезона. Првата официјална трка ќе биде на програмата од 6-ти до 8-ми март и ќе се вози во Австралија на патеката “Алберт Парк”.