Аврамовски: Мотивирани сме и работиме, се надеваме на успех, но крајот го краси делото!

Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски вети голема борба за Македонија на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи летово.

Навивачите се возбудени поради настапот на македонските фудбалери на големиот турнир, а Аврамовски вели дека се надеваат на голем успех.

„Јас со младата репрезентација играв на Европското првенство, но ова е нешто друго. Се надеваме на успех, но крајот го краси делото. Позитивната трема се чувствува и сите со нетрпение го чекаме стартот. Мотивирани сме и работиме, а успехот ќе си дојде“, вели Аврамовски.

Македонија во вторник има тест-меч против Словенија, а на натпреварот ќе има 10.000 навивачи.

„Кога играме пред нашите навивачи тоа ни е ветер во грб, се надевам дека ќе бидат продадени сите 10.000 влезници и ќе ја имаме таа поддршка. Има голема еуфорија воцелата земја, нѐ контактираа луѓе сакаат да дојдат и да навиваат за нас. Можам да ветам дека ќе гинеме на теренот за да ги израдуваме сите“, изјави Аврамовски.

Фото: ФФМ