Австралија имаше +15 против САД, но потоа исчезна од паркетот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на САД се пласираше во финале на Олимписките игри откако во Токио ја совлада Австралија со 97-78.

Австралија во пријателските натпревари го победи САД, а во полуфиналето имаше предност во втората четвртина од +15 (41-26).

Меѓутоа, во завршницата на втората четвртина Австралија делуваше очајно, па Американците се приближија само на три поени негатива (42-45).

Третиот период го реши натпреварот во корист на тимот на Грег Попович, кој ја доби четвртината со 32-10 и беше јасно дека ќе слави во денешниот натпревар.

САД потоа немаше проблеми во завршницата и на крајот се пласираше во финале, каде ги чека подобриот од дуелот меѓу Словенија и Франција.