Австралија се пласира во осминафинале, Франција на колена пред Тунис (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Австралија се пласира во осминафинале на Светското првенство (СП), откако го освои второто место, и тоа зад лидерот Франција, која загуби од Тунис со 0-1.

Франција уште во претходното коло го реши прашањето за место во плејофот, па затоа Дидие Дешам ги одмори првотимците против Тунис.

Тунис постигна гол преу Казири во 58. минута, по што Франција за момент се израдува кога Антоан Гризман во 98. минута погоди за 1-1, но сепак погодокот беше поништен од ВАР-технологијата.

Австралија славеше со 1-0 против Данска, а единствениот гол го постигна Лецки во 60. минута.