Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото коло од групата Х на Светското првенство во Кошарка во Кина, Австралија ја оправда фаворитската улога против Канада, откако славеше со убедливи 108-92.
„Кенгурите“ имаа контрола во мечот во првите две четвртини, но Канада со неверојатната серија во третата четвртина ја вратија неизвесноста во мечот.
Сепак, Австралија во последната четвртина го искористи заморот кај противниците, па славеше со 108-92.
Најдобар во победничкиот тим беше Метју Делаведова со 24 поени, додека кај Канада најдобар беше Кем Бирч со 18 постигнати поени.
Австралија со денешната победа покажа дека ќе биде еден од фаворитите за освојување на медалите на Мундобаскетот во Кина.