Австралија Опен планира посебно изненадување за Ѓоковиќ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ, кој со своите десет титули е најуспешниот играч во историјата на Австралија Опен, ќе има посебна чест кога ќе се одлучи да ја заврши својата професионална тениска кариера. Организаторите на турнирот размислуваат за неверојатно испраќање што ќе остане во сеќавање.

Крег Тајли, директорот на Австралија Опен, изјави дека се подготвува уникатен проект посветен на рекордниот 24-кратен шампион во гренд слем турнирите. Засега, плановите остануваат мистериозни, а точните детали за настанот се уште не се откриени.

„Можам само да кажам дека ќе биде нешто навистина големо. Искрено, би сакал Новак да продолжи да игра уште долго, бидејќи е феноменален тенисер. Кога ќе дојде вистинскиот момент, имаме подготвени идеи, но сè уште е рано да ги споделиме“, изјави Тајли.

Фото: Принтскрин