Австриска компанија ќе биде генерален спонзор на Вардар


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре ќе го потпише договорот со новиот генерален спонзор, а станува збор за австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“.

Австриската компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави, е присутна на македонскиот пазар од 2009 година, и сега реши да инвестира во Вардар.

„Со големо задоволство Новоматик Македонија Ве поканува на настанот по повод потпишување на Договорот со кој што компанијата станува генерален спонзор на Фудбалскиот клуб Вардар“, соопштија од комапнијата.

Фото: Твитер