Ѓоковиќ: За политичките игри никој не зборува, ама важно – Новак е лицемер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ влезе во војна со АТП и имаше што да каже, откако беше обвинет во медиумите дека е лицемер.

Ѓоковиќ прифати да се врати во Советот на тенисери на АТП, откако беше предложен, па така предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.

„Сите пишуваат за мојата кандидатура да бидам дел од Советот, но јас не се кандидирав, туку тенисерите ме номинираа. Така функционираат работите тука. За мене ова е јасен знак и секако дека се чувствувам одговорен и почестен што можам да ги претставувам тенисерите. Сепак, АТП не дозволува да бидете член на Советот и на друго здружение. Се прават политички игри за кои никој не пишува, ама важно сите сметаат дека Новак е лицемер. Меѓутоа, се навикнав, ова ме прави посилен и ме мотивира“, вели Ѓоковиќ.