Азар е ист како Бејл? Овие бројки ќе го „расплачат“ Перез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар е големо промашување и тоа на сите ни е јасно. Минаа 22 месеци, неговата цена падна, а тој веќе влезе и во четвртата деценија на животот и Реал Мадрид бара решение за него.

Една од опциите е да го вклучат во договорот за Килијан Мбапе, но тешко дека тоа многу ќе ја намали цената на Французинот.

Азар имаше проблеми со повреди, но сега кога е подготвен, тој не игра на врвно ниво за некој кој добива 15 милиони евра плата.

Белгиецот се извини поради глупавиот потег по поразот на Реал Мадрид од Челси, кога се смееше со поранешните соиграчи, но тоа не ги смири гневните навивачи.

Страшно звучи и тоа што Азар има договор до 2024 година, па веднаш почнаа со споредбите со Герет Бејл, кој не сакаше да го напушти тимот поради големата плата.

Исто така не е возможно да се споредат тие двајца. Со сите критики во последните години, Бејл покажа многу повеќе доволни се бројките од првите неколку сезони, Бејл ја освои Лигата на шампиони и даде 39 голови во првите две сезони, а Азар постигна само четири.