Азар е само почеток: Уште една ѕвезда на Челси заминува во Шпанија?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двата најдобри фудбалери на Челси од лето би требало да се преселат во Шпанија. Еден Азар, наводно, се договорил со Реал Мадрид, а по неговите стапки треба да тргне и Вилијан, кој ќе се пресели во Барселона.

Барселона е подготвена да понуди 35 милиони евра за Бразилецот, па тоа би требало да биде доволно за управата на Челси.

Вилијан има договор со „сините“ до 2020 година и практично во наредниот преоден рок ќе може да заработат повеќе пари на него.

Доколку потпише за Барселона, Вилијан ќе стане еден од ретките фудбалери, на чие ангажирање клубовите потрошиле повеќе од 100 милиони евра.

Шахтер во 2007 година го донесе од Коринтијанс за 14 милиони евра, а три години подоцна потпиша за Анжи за 35 милиони евра, по што за истата сума пред шест години се пресели на „Стемфорд бриџ“.

Вилијан сезонава одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, па постигна осум голови и 14 асистенции.