Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар, капитенот на Челзи доби уште едно прашање поврзано за неговата иднина.
Тој многу се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, па беше принуден да ги прокоментира гласините после успехот што неговиот тим го достигна и се избори за финалето во Европската Лига после драмите на Стамфорд Бриџ и пеналот против Ајнтрахт Франкфурт.
„Не размислувам за тоа. Во глава ми е само тоа да освојам нешто со овој клуб и овој тим. Не знам дали ова ќе биде мојот последен натпревар овде. Ќе пробам да ја освојам титулата за Челзи“, кажа уште еднаш таинствениот Белгиец.
Што се однесува на натпреварот, рече: „Одигравме одличен натревар, но полуфиналето никогаш не е лесно, среќни сме што ќе настапуваме во финалето во Баку.Овие натпревари беа изедначени, но покажавме карактер тогаш кога беше најпотребно“.
Еден ја превзема одговорноста за одлучувачкиот пенал во петата серија и – ПОГОДИ!
„Секогаш ја превземам одговорноста кога морам. Денеска сме многу среќни, но сеуште не е готово, имаме уште еден натпревар против Арсенал. Мораме да одеме во Баку, да играме квалитетно и да победиме“, додаде Азар.