Азар: Критики? Не ги забележувам бидејќи не знам шпански


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Везниот играч на Реал Мадрид, Еден Азар практично изјави дека не ги забележува критиките бидејќи не го знае шпанскиот јазик.

Белгиецот ова лето дојде во Реал Мадрид од Челси, но поради нешто послабата форма на стартот од сезоната, често беше изложен на критики, но очигледно не му сметаат.

„Немам проблеми во Мадрид. Луѓето постојано зборуваат за Реал Мадрид, па затоа дојдов тука. Што се однесува до критиките, не разбирам баш добро шпански, така да не ги приметувам“, порача Азар.

Оваа сезона Еден Азар одигра четири натпревари за Реал Мадрид и има еден погодок и една асистенција.