Азар се одлучи: Го информирав клубот пред неколку недели


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден Азар најверојатно ќе биде првата звезда за време на летниот прелазен рок.

На Челси до крајот на сезоната му остана уште финалето на Лига Европа кое ќе се одигра на 29 мај против тимот на Арсенал во Баку, а после тоа ќе се знае судбината на одличниот Белгиец.

Еден од најдобрите светски играчи пред две недели ја истакнал својата дефинитивна одлука пред клубското раководство, односно дали планира да остане или да си замине.

„Донесов одлука, не е само до мене. Го информирав клубот пред неколку недели“, рече Азар после ремито на Челси со Лестер (0:0).

Ниту менаџерот Маурицио Сари не беше оптимист во оваа ситуација и верува дека од наредната сезона нема да го тренира својот најдобар играч.

„Азар направи големи работи за клубот. Време е да ја прифатиме неговата одлука“, рече Сари, а на прашањето на новинарот од BBC за каква одлука се работи, тој рече:

„Не знам, јас сум само тренер овде“….

Навивачите на Плавите на последните натпревари на трибините истакнаа банери и транспаренти со молба до Азар да остане на Стамфорд Бриџ, но најверојатно се е џабе.

Овој 28 годишен играч во Челси пристигна во Јули 2012 година, а во меѓувреме со Плавите освои неколку трофеи, а има прилика да се прости од клубот со пехарот во рацете од финалето во Баку.

Како наредна дестинација на Азар најверојатно ќе биде Реал Мадрид спрема кој Белгиецот има симпатии уште од детството.