Азар со провокација до Диего Коста: Сакам да дадам гол против Атлетико, сакам да го победам Диего…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој викенд ќе се одигра големото градско дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид е на првата позиција на табелата со 14 бодови, само еден повеќе од Атлетико Мадрид.

Ова за Азар ќе биде прв поголем предизвик во дресот на Реал Мадрид, а пред средбата истакна дека сака да постигне гол и малку го „пецна“ својот некогашен соиграч, Диего Коста.

„Сакам да дадам гол, да победиме и да ги направиме навивачите среќни. Играв со Диего Коста во Челси, а сега ќе бидеме на спротивните страни. Тој ми е пријател, но сакам да го победам“ –истакна Азар.