Азар во понеделник слетува во Мадрид: Откриено колку пари ќе плати Реал


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Еден Азар синоќа против Арсенал во финалето на Лига Европа го одигра последниот меч за Челси, а притоа успеа да постигне два гола и да им го донесе трофејот.

Азар во Челси направи фантастична кариера, но по седум години поминати во Лондон, Белгиецот смета дека е време за нов предизвик, а кариерата би требало да ја продолжи во Реал Мадрид.

Во понеделник Азар ќе биде претставен како нов член на „кралевите“, а позната е и сумата, која гигантот од Мадрид ќе ја плати за неговите услуги.

Челси од Реал ќе добие 120 милиони евра, па таквата понуда ја задоволи управата на англискиот клуб.

Белгиецот уште вчера по мечот против Арсенал го „потврди“ неговото напуштање на Лондон.

„Можеби ова е моето збогување со Челси, време е за нов предизвик. Играв во еден од најдобрите клубови во светот“, кажа Азар меѓу другото.