Азар зборуваше за проблемот со килограмите: Минатото лето имав 80 кг, но…


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Пред мечот на Реал Мадрид и ПСЖ, Еден Азар зборуваше за можноста да заигра за клубот од Париз, а исто така откри и какви се неговите обичаи кога е на одмор.

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи сакаше да го купи Азар, но Белгиецот никогаш не покажа интерес да го облече дресот на „Светците“.

„Никогаш нема да играм за ПСЖ. Ме сакаа многу пати. Немам намера да се вратам во Лига 1. Среќен сум со последниот месец. Давав голови, асистирав и им помагав на соигрчаите. Нема да се кријам зад килограмите, кога сум на одмор, тогаш сум на – одмор! Јас сум еден од тие кои лесно добиваат килограми. Кога имав 18 години во Лил имав 72 кг, а летово стигнав и до 80 кг, но за десетина денови се вратив во нормала“, вели Азар.