Баерн Минхен „го спасува“ отпишаниот играч на Челси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Летниот трансфер период се приближува до својот крај, а до неговиот крај се очекуваат уште неколку интересни трансфери во европскиот фудбал.

Челси зад себе има една прилично успешна сезона во која обезбедија пласман за овогодинешното издание на Лигата на шампионите, завршувајќи на 4-тото место на табелата.

Покрај тоа, Сините ја освоија Конференциската лига и станаа првиот клуб во историјата на фудбалот кој ги освои сите три големи европски натпреварувања (ЛШ, ЛЕ, КЛ).

Ова лето во лондонскиот клуб беа многу активни на трансфер пазарот и сериозно го засилија својот играчки кадар.

Меѓу другите, ова лето на „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа Жоао Педро, Лиам Делап, Џејми Гитенс, Јоррел Хато…

На оваа листа играчи, првите двајца (Жоао Педро и Лиам Делап) играат на позицијата на центарфор, што предизвика прилична гужва на врвот на нападот. Без сомнение е дека покрај набројаните влезни трансфери, мора да има и излезни, а еден од играчите што е отпишан е Николас Џексон.

Сенегалецот веќе пред неколку недели го изрази своето незадоволство до управата и им порача дека сака што побрзо да го напушти клубот.

Џексон во последниот натпревар не се најде ни на списоците, па сосема е јасно дека неговата епизода во Лондон се ближи кон крај.

Сега германскиот угледен весник “BILD” носи вистинска ексклузива, односно открива неговата наредна дестинација во кариерата, а тоа е Баерн Минхен.

Фото: Принтскрин