„Баба ми е во кома, што не ви е јасно? Носете ги проклетите маски!“ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот НБА-кошаркар од Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ со мислите е далеку од Флорида затоа што за живот се бори член на неговото семејство.

Босанскиот кошаркар е загрижен за баба му, која е во кома поради опасниот вирус, а тоа им го откри на новинарите по мечот на својот тим во Дизниленд.

„Овде сме поради пандемијата. Луѓето се шегуваат со тоа што се случува во светот. Во последните неколку денови се соочувам со многу потешкотии. Баба ми е болна и се наоѓа во кома. Мислам дека луѓето не го разбираат с*ањето што се случува во моментов. Ве молам, внимавајте, носете ги глупавите маски кога е потребно“, кажа Нуркиќ.