Баба опседната со Мурињо: На телото има 38 тетоважи во чест на Португалецот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Оваа постара навивачка е опседната со Мурињо, а на своето тело има дури 38 тетоважи во чест на новиот тренер на Тотенхем.

Баба од Хинклеј од Англија потрошила повеќе од 2000 евра во последните три години на тетоважи со мотиви од Мурињо, а планира да потроши уште пари доколку Жозе освои трофеј со Спарсите.

Во најновата тетоважа е занимлив еден момент, каде што таа му посакува добредојде на Мурињо во Спарси, но со логото од НБА тимот на Сан Антонио Спарс.

Вив е инаку воедно и фан на Тотенхем, па не се сомневаме дека телото ќе го украси со уште неколку тетоважи, а многу ќе зависи и од успехот на Португалецот на клупата на англискиот тим