Баер Леверкузен израмни рекорд и му се „смешка“ титулата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Баер Леверкузен денеска славеа со 1-0 против Унион Берлин и го искористија киксот на Баерн Минхен кој загуби од Хајндехајм со 2-3.

Вирц од пенал во осмата минута од судиското надополнување на првото полувреме го постави конечниот резултат и помогна на „фармацевтите“ да израмнат рекорд.

Леверкузен го израмни рекордот во лигата од 28 меча без пораз, а досега такво нешто им успеа на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Баер во моментов има 16 бодови повеќе од Баерн Минхен на шест кола пред крајот на сезоната.