„Баерн да плати 100 милиони евра за Кејн? Тоа е невозможно!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен нема да го купи Хари Кејн, иако имаше такви шпекулации во англиските медиуми по елиминацијата на Тотенхем од Лигата на шампиони (ЛШ).

Ули Хенес во разговор со „Скај Спорт“ кажа дека баварскиот тим не планира да плати 100 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец.

Кејн сака да си замине следното лето од Тотенхем затоа што не освои ниту една титула со премиерлигашот, а веќе има 30 години.

„Јас можеби би сакал Баерн да плати 100 милиони евра за фудбалер, но Кејн има речиси 30 години. Тотенхем лани за него одби 160 милиони евра од Манчестер сити“, вели Хенес.