Баерн губи уште еден член: Кимих „најави“ спектакуларен трансфер!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џошуа Кимих во моментов преговара за нов договор со Баерн Минхен, но на прес-конференција не ја исклучи можноста и за спектакуларен трансфер.

Една од желбите на Барселона е германскиот репрезентативец, но засега не е испратена понуда за неговите услуги.

Германските медиуми пишуваат дека Кимих е фокусиран на Баерн Минхен, но не ја исклучува можноста за трансфер.

„Во моментов не размислувам за Барселона, но во кариерата никогаш не може да исклучите ништо. Никогаш не вели никогаш. Не е тајна дека преговарам со Баерн, сите го знаете тоа“, кажа Кимих.