Баерн има пари еден тон: Баварците подготвуваат нов мега-трансфер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен е еден од ретките тимови кои може да се пофалат дека немаат долгови, па планираат многу трансфери во иднина, а вчера потврдија рекорден, односно платија 80 милиони евра за Лукас Ернандезз од Атлетико Мадрид.

На лето се очекува и на Штутгарт да му платат 35 милиони евра за Бенџамин Павар, а одбраната на Баварците би можела да добие уште еден член и тоа од Ајакс.

Станува збор за талентираниот дефанзивец, Матијас де Лихт, кој го бара половина Европа, па ќе се води голема битка за неговиот потпис на лето.

Според информациите од германските медиуми, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ наскоро ќе почне преговори со екипата од Амстердам, а сумата која ќе ја понуди изнесува 70 милиони евра.

Сепак, нема лесно да стигнат до потписот на 19-годишнот дефанзивец, зашто наводно на него прв избор му е Барселона и заминувањето на „Ноу Камп“ бидејќи таму ќе замине неговиот соиграч Френки де Јонг, кој пред некое време потпиша договор со Каталонците.

Никој не жали пари за младиот дефанзивец, а заинтересирани за неговиот потпис се уште и Реал Мадрид, Јувентус, ПСЖ…

Одлуката за новиот тим Де Лихт би требало да биде донесена набрзо, а најави дека тоа би можело да се случи и во наредната недела.