Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид следното лето повторно би можел да ангажира неколку засилувања целосно бесплатно. Шпанскиот гигант, наводно, го договорил Килијан Мбапе од ПСЖ, а сега размислува за фудбалер на Баерн Минхен.
„Кралевите“ минатото лето го ангажираа Давид Алаба од Баерн Минхен како слободен играч, а шпанските медиуми пишуваат дека Реал би можел да направи нешто што ќе ги изнервира луѓето во Минхен.
Корентин Толисо има договор до крајот на сезоната со Баерн Минхен, па францускиот репрезентативец не сака да ја продолжи соработката и подготвен е за нов предизвик.
„Марка“ пишува дека Толисо се наоѓа на мета на Реал, а неговиот менаџер не крие дека е во контакт со шпанскиот гигант и дека тоа е една од опциите за неговата иднина.