Баерн купува играч од испаднат тим од Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Германија“ пренесува дека Баерн Минхен е заинтересиран во своите редови да донесе играч на Норвич.

Тимот кој испадна од Премиер лигата беше составен од млади и перспективни играчи кои потпомогнати од поискусните фудбалери не успеаја да обезбедат опстанок во најелитното англиско натпреварување.

Сепак, настапите на младите фудбалери останаа забележани во нотесите на големите клубови, па така Макс Аронс би можел да реализира супер трансфер во Баерн Минхен.

„Баварците“ се подготвени да издвојат 20 милиони евра за да го обзбедат потписот на младиот десен бек на Норвич.