Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот паднат гигант Милан може да остане и без најдобриот фудбалер на својата екипа.
Со Џакомо Бонавентура, единствен фудбалер кој нешто вреди во екипата на Милан секако е Карлос Бака, но тој многу брзо може да замине од Сан Сиро.
Неговиот трансфер од Милан се споменува веќе долго, а сега е на врвот поради тоа што Баерн Минхен се одлучи да испрати прва официјална понуда за Колумбиецот и тоа во износ од 30 милиони евра.
Ситуацијата може ја олесни легендарниот тренер на Милан Карло Анчелоти кој од неодамна е нов тренер на минхенски Баерн.
Бака во минатото лето премина во Милан баш за таа сума од Севиља.