До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во 17:30 часот се одигра натпреварот од 30-тото коло на германската Бундеслига помеѓу Баерн и Штутгарт.
Гостите изненадија многу и први стигнаа до гол. Во 21-та минута, Фурих ја затресе мрежата на Баварците.
Но, потоа следуваше ураганска игра од Баерн. Израмнија во 31-та минута преку Жереро, а го направија пресвртот само две минути подоцна со голот на Џексон.
До крајот на првото полувреме и Дејвис се запиша на листата на стрелците, и тоа беше резултатот (3:1) со кој се отиде на задолжителната пауза.
Кејн влезе на полувреме, а му беа потребни само седум минути за да постигне гол.
До крајот на натпреварот Андрес постигна утешен гол за Штутгарт. Баерн победи денес, со што и математички ја обезбеди титулата во Бундеслигата.
Покрај тоа, Баварците денес срушија и еден импресивен рекорд. Го надминаа бројот од 159 постигнати голови од сезоната 2019/2020 која до сега беше рекордна.
















