Баерн Минхен го моли Тухел да остане, но тој има услов!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот германски шампион Баерн Минхен не може да најде нов тренер, откако веќе беше одбиен од Чаби Алонсо, Ралф Рангник и Јулијан Нагелсман, па сега сака да го задржи Томас Тухел.

Германските медуми пишуваат дека Баерн повеќе нема опции за нов стратег и поради тоа го моли Тухел да остане во клубот и во следната сезона.

Тухел наводно е подготвен да остане во клубот, но поставил еден услов, а тоа е да потпише нов договор до 2027 година.

Баварскиот гигант сака да го реши проблемот во краток период, но сè уште чека да види што ќе се случи со Ерик Тен Хаг во Манчестер јунајтед.