Баерн Минхен го промовираше наследникот на Левандовски (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен продолжи со засилувања пред почетокот на новата сезона, па така за екипата потпиша младиот напаѓач Матијас Тел.

Баварците ова лето останаа без Роберт Левандовски, кој се пресели во Барселона, но нема долго да тагуваат по неговите услуги.

Тел има 17 години и со гигантот од Минхен потпиша договор до 2027 година, откако успешно ги помина медицинските прегледи.

Германскиот шампион му плати 20 милиони евра на Рен за Тел, а уште 10 ќе му исплати преку различни бонуси.

„Тел е еден од најголемите потенцијали во Европа. Тој е одличен напаѓач, а ние го следевме долго време и го убедивме да дојде во Минхен“, кажа спортскито директор Хасан Салихамиџиќ.