Баерн Минхен издаде соопштение за Флик, неговиот предлог – не се прифаќа!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Раководството на Баерн Минхен соопшти дека не ја прифаќа одлуката на Ханси Флик за да го напушти тимот по крајот на сезонава.

Флик кажа дека на крајот на сезоната ќе побара раскин на договорот со баварскиот гигант, но клубот од Минхен објави во недела дека нема да се согласи на тоа.

По мечот против Волфсбург (3-2), Флик најави заминување, а тоа не ги изненади многумина, затоа што долго време тренерот се поврзува со селекторската позиција во Германија.

„Баерн Минхен не се согласува со предлогот на Флик и ќе разговараме со тренерот по мечот против Маинц, како што беше договорено“, соопштија од гигантот.

Флик во ноември 2019 година го презема Баерн и за две години во тимот ги освои сите можни трофеи.